среда, 11 декември 2024

Белата куќа ги одобрува израелски напади на Сирија

Белата куќа денес сигнализираше дека ги одобрува израелските напади на цели на сириската војска, како и „преземањето“ на тампон зоната на Голанската висорамнина по падот на власта на претседателот Башар ал Асад.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Тоа се комплицирани операции за да се елиминира она за што се верува дека се непосредни закани по нивната национална безбедност“, кажа денес портпаролот за национална безбедност на Белата куќа Џон Кирби, додавајќи дека САД ќе им препуштат на Израелците да ги дискутираат деталите на своите операции.

„Тие секогаш имаат право да се бранат“, кажа Кирби. Тој одби да даде детали за американската разузнавачка соработка со Израел во врска со овие напади.

Кирби кажа дека Белата куќа повторно ја потврдува поддршката на договорот за раздвојување на силите на Голанската висорамнина од 1974 година, но не го критикуваше израелското влегување во Сирија.

Израел веќе долго време зазема територии по војните со своите соседи и неограничено ги држи под окупација, а како причина ја наведува грижата за сопствената безбедност, иако на окупираните територии населува израелски доселеници.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ