„Кога Али Ахмети беше на власт, а ДУИ управуваше со институциите, поранешните војници на УЧК беа ослободувани од затвор и пречекувани во срцето на Скопје, во хотелот Стоун Бриџ како во случајот со Гафур Дуголи кој е на фотографијата“, вели Беџети, кој порано беше и министер за правда, а пред пратеничката функција во овој собраниски состав беше градоначалник на Сарај.
Тој додава дека ги потсетува „Изет Меџити и Арбен Таравари кои се во власта без етнички легитимитет“, дека поради политича неспособност, како што вели, ризикуваат поранешните војници на УЧК да бидат екстрадрании во Србија.
Тоа е разликата меѓу ДУИ и вас, вазалите, вели Беџети на крајот.