вторник, 15 октомври 2024

Бебето кое по 128 часа беше спасено од урнатините во Турција, повторно е со својата мајка (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Јасемин Бегдаш, мајката на бебето, која медицинските сестри ја нарекле „Мистерија“ исто така била спасена жива, додека нејзиниот татко и двајцата браќа загинале во страшниот земјотрес.

Бебето Гизем било пренесено во градската болница во Адана по првата интервенција откако било извлечено од урнатините, откако било констатирано дека нема здравствени проблеми, е префрлено на институционална нега.

Детето, кое подоцна со претседателски авион беше донесено во Анкара, по проверките во градската болница Етлик, е сместено во институција при министерството, пренесува турскиот портал дха.

Оваа сабота, 54 дена по земјотресот, бебето конечно е со својата мајка.

 

 

Министерката за семејство и социјални прашања Дерја Јаник објави фотографии од емотивната средба на мајката и ќерката.

Утврдено е дека примерокот на ДНК земен од семејството и бебето е компатибилен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ