сабота, 9 ноември 2024
Ќе ја активираат откупната клаузула од 60 милиони евра

Барселона ја губи битката за уште еден бисер, Челси во Бразил за да го купи „Месињо“

Весникот Спорт објави дека Барселона ќе ја изгуби битката за 16 годишниот Естевао Вилијан, делегација на Челси е во Бразил со намера да ја активира откупната клаузула на напаѓачот вредна 60 милиони евра.

Објавено на

часот

Сподели

Барселона е во финасиска криза, има ограничени средства за трансфери, па изминативе години не може да им парира на гигантите од Европа и да наддава за најголемите таленти ширум светот.

Како што пишува Спорт, „каталонците“ ќе ја загубат и битката за 16 годишниот Естевао Вилијан од Палмеирас, кој е попознат како „Месињо“.

Делегација на Челси е во Бразил со намера да ја активира откупната клауула на офанзивниот фудбалер вредна 60 милиони евра, и да го осигура потписот на перспективното момче.

Весникот додава дека од оваа сума, 70% (42 милиони евра) ќе бидат за Палмеирас, додека пак останатите 30% (18 милиони евра) ќе му припаднат на семејството на Естевао Вилијан.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ