четврток, 22 февруари 2024
Шпанските гиганти се „фатија за гуша“

Барселона и Реал Мадрид влегоа во голема војна, Лапорта почна, кралевите одговорија (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Лапорта имаше јавно излагање со цел да ја одбрани Барселона од истрагата за случајот „Негреира“.

Тој ја отвори прес-конференцијата со 35 минутен говор во кој негираше било какво врбување на судиите, велејќи дека Барселона е жртва на кампања за да се дестабилизира клубот.

Тој прво упати критики за претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас, а потоа се сврте кон Реал Мадрид.

„Сакам да го потенцирам случајот со еден клуб. Клубот е Реал Мадрид. Клубот кој историски секогаш бил фаворизиран и беше клуб на режимот“, рече Лапорта.

„Сакам да ве потсетам дека преку 70 години, мнозиноството од луѓето кои ги одредуваа судиите беа директори, членови на Реал Мадрид“.

„Тоа што Реал Мадрид се претставува себеси како жртва на спортска корупција, е максимален цинизам“.

Реал Мадрид не остана рамнодушен на ваквата изјава на Лапорта, па својот одговор го даде со видео.

Во видеото Реал Мадрид ја потенцира поврзаноста на Барселона со режимот на Франко и бенифитите кои ги имале Каталонците во тој период.

„Барселона доби златен и дијамантски беџ од Франко. Барселона го именуваше Франко за почесен партнер во 1965 година. Барселона трипати беше спасувана од банкрот од Франко“, се вели во дел од видеото.

Во него се потенцира и дека за време на режимот на Франко, Барселона освоила 8 лига титули, 9 купови, а во тој период на Реал Мадрид му требале 15 години за да ја освои лигата, па кралевите прашуваат „Кој е вистинскиот клуб на режимот?“.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ