Каталонскиот клуб ослободи дел од финансиите за плати откако ги пушти Роке и Ленгле на позајмици.
„Барселона и Бетис се договорија за позајмица за една сезона на Витор Роке со опција и за втора година“, стои во соопштението на Барселона.
Веднаш по ова соопштение следуваше и потврда за Ленгле.
„Барселона и Атлетико Мадрид постигнаа договор за позајмица на Клемен Ленгле до 30 јуни 2025 година“, објави клубот.
Бетис и Атлетико Мадрид исто така ги потврдија позајмиците.