Состојки:
За тестото:
350 г испасирани банани (околу 4 средни или 3 големи банани)
400 г брашно
1 лажичка прашок за печиво
1 лажичка сода бикарбона
1/2 лажичка мелен цимет
1/2 лажичка сол
170 г несолен путер, омекнат на собна температура
200 г бел шеќер
100 г кафеав шеќер
3 големи јајца, на собна температура
2 лажички екстракт од ванила
400 мл млеко
2 лажици лимон
За глазурата:
250 г маскарпоне, омекнато на собна температура
150 г несолен путер, омекнат на собна температура
350 г шеќер, плус уште малку ако е потребно
1 лажичка екстракт од ванила
1/8 лажичка сол
Приготвување:
Загрејте ја рерната на 180 степени и подмачкајте ја тавата.
Направете го тестото: Изгмечете ги или изблендајте ги бананите и оставете ги на страна.
Измешајте ги брашното, прашокот за печиво, содата, циметот и солта. Ставете ги на страна.
Во млекото додајте го лимонот, промешајте и оставете го 10 минути за да се засири.
Со миксер изматете го путерот на голема брзина – околу 1 минута. Додајте ги двата вида шеќер и матете на голема брзина 2 минути додека не се соединат со путерот.
Додајте ги јајцата и ванилата. Матете со средна брзина додека смесата да се соедини, а потоа додајте ги испасираните банани.
Со миксер на мала брзина, наизменично додавајте ги сувите состојки и млекото со лимон, на трипати, и по секое додавање промешувајте. Тестото ќе биде погусто и може да има малку грутки.
Претурете го тестото во подготвената тава. Печете 45-50 минути. Колачот е готов кога чепкалката вметната во центарот ќе излезе чиста. Ако видите дека горниот дел од колачот пребрзо се пече во рерната, лабаво покријте го со алуминиумска фолија.
Извадете го колачот од рерна и оставете целосно да се излади. По околу 45 минути, може да го ставите и во фрижидер за да го забрзате процесот.
Направете ја глазурата: Во голем сад со миксер изматете ги маскарпонето и путерот заедно на голема брзина додека смесата да се изедначи. Додајте ги шеќерот, ванилата и солта. Матете на мала брзина 30 секунди, а потоа префрлете се на голема брзина и матете 2 минути. Ако сакате глазурата да биде малку погуста, додајте уште 2-3 лажици шеќер. Врз изладениот колач премачкајте ја глазурата. Пред сервирање ставете го колачот во фрижидер 30 минути. Ова помага да се зацврсти глазурата и да се олесни сечењето.
Покријте го остатокот од колачот цврсто и чувајте го во фрижидер до 5 дена.