понеделник, 14 октомври 2024

Бајден во кратка посета на Северна Ирска

Објавено на

часот

Сподели

Бајден, кој е многу горд со своето ирско потекло, ќе помине нешто повеќе од половина ден во регионот под британска управа, еден од четирите дела на Обединетото Кралство, пред да отпатува во Република Ирска на речиси тридневни средби со официјални лица и далечни роднини.

Шефот на американската држава пристигна во Белфаст во деликатен момент кога најголемата пробританска партија продолжува да ја бојкотира децентрализираната влада, создадена како дел од мировниот договор постигнат на Велики петок во 1998 година.

Бајден и Сунак ќе се сретнат утрово, а американскиот претседател ќе разговара и со секој од лидерите на петте главни политички партии во Северна Ирска пред неговиот говор на Универзитетот во Белфаст.

Зборувајќи со новинарите пред да се качи во Претседателскиот авион Ер форс уан, Бајден рече дека поддршката за неодамнешниот договор за Виндзорската рамка договорен од Европската Унија и Велика Британија за олеснување на трговските бариери по брегзитот во Северна Ирска е еден од неговите врвни приоритети.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ