Во позадина, администрацијата на претседателот Бајден и потпретседателката Камала Харис, наводно, вршеле притисок врз Иран да престане со заговорите против Трамп и другите поранешни членови на неговата администрација во услови на засилени безбедносни закани од Иран, пренесе Њујорк пост.
„Сметаме дека ова е прашање од националната и домашната безбедност од највисок приоритет и силно го осудуваме Иран за овие дрски закани“, се вели во соопштението на портпаролот на НСЦ, Шон Савет.
Според него, доколку Иран нападне некој од американските граѓани, вклучително и оние кои продолжуваат да им служат на САД или оние кои служеле во минатото, ќе се соочат со тешки последици.
Белата куќа се воздржа од јавно предупредување на Иран дека обидите за убиство на сегашни или поранешни американски функционери ќе се сметаат за воен чин, но Бајден (81) му рекол на НСЦ да им го каже тоа приватно, пишува Вашингтон пост.
Трамп (78) повика на поцврст став против Иран, така минатиот месец сугерираше дека Бајден треба „да ја информира земјата која се заканува, во овој случај, Иран, дека ако направи нешто за да ѝ наштети на оваа личност, ќе им ги разнесеме најголемите градови, а и самата земја на парчиња“.
На 12 јули, еден ден пред првиот од двата обиди за убиство на Трамп, властите го приведоа пакистанскиот државјанин Асиф Мерчант (46), за кого обвинителите во судските документи тврдат дека заговарал со ирански посредници за потенцијално таргетирање на поранешниот претседател.
Исто така се тврди дека Иран го поддржал хакирањето на кампањата на Трамп, во која беше објавено приватно досие за потпретседателскиот кандидат на Републиканската партија, Џеј Ди Венс, до неколку медиуми, вклучувајќи ги Политико и Вашингтон пост.
Се верува дека Техеран сака да се одмазди против Трамп и некои од неговите поранешни функционери во администрацијата поради нападот во кој беше убиен поранешниот висок ирански генерал Касем Сулејмани во јануари 2020 година.
Иранскиот врховен лидер Ајатолахот Хомеини промовираше анимирано видео кое симулира напад со дрон врз Трамп на неговиот терен за голф во 2022 година.
Пред две години, Министерството за правда ги разоткри обвиненијата против припадник во иранскиот Корпус на Исламската револуционерна гарда поради наводни напори за убиство на поранешниот советник за национална безбедност на Трамп, Џон Болтон.
Иранскиот функционер, наводно, понудил 300.000 долари за да се среди Болтон, што поранешниот функционер подоцна го оцени како срамно ниско.
„Претседателот Бајден ја повтори својата директива дека Тајната служба на Соединетите Држави треба да ги добие сите ресурси, капацитети и заштитни мерки потребни за справување со се поголемите закани за поранешниот претседател“, додаде Савет во соопштението.