„Целта на нападот беше да се прекине пристапот на Украинците до електрична енергија и греење во текот на зимата и да се загрози безбедноста на нивната мрежа“, рече Бајден во соопштение.
Вчера Русија го нападна украинскиот енергетски систем и некои градови со крстаречки и балистички ракети и беспилотни летала, соопшти Украина.
Од руската инвазија на Украина во 2022 година, Вашингтон одвои 175 милијарди долари помош за Украина.