„Ќе разговараме со Израелците што да се направи, а сите ние седум (Г7) се сложуваме дека имаат право да одговорат, но треба да одговорат разумно“, им кажа Бајден на новинарите.
Иран вчера испука речиси 200 балистички проектили на Израел, а Бајден нападот претходно го нарече „неефикасен“. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека Иран „ќе плати“ за нападот.
Некои аналитичари сметаат дека одговорот на Израел овој пат ќе биде веројатно посилен, сугерирајќи дека би можеле да гаѓаат ирански нуклеарни или нафтени објекти.
Бајден им кажа на новинарите дека на Техеран ќе му бидат воведени дополнителни санкции и дека наскоро ќе разговара со Нетанјаху. „Очигледно е дека Иран поприлично скршнал од патот“, кажа американскиот претседател.