САД долго време се воздржуваат да обезбедат и да одобрат употреба на оружје што би можело да гаѓа цели длабоко на руска територија, поради страв од можна ескалација на конфликтот.
Другите сојузници на Киев испорачуваат оружје, но со ограничувања за тоа како и кога може да се користи во Русија, поради загриженоста дека таквите напади би можеле да предизвикаат одмазда што ќе ги вовлече земјите на НАТО во војна или ќе предизвика глобален нуклеарен конфликт.
Извори на Ројтерс тврдат дека САД се блиску до договор за предавање на такво оружје на Украина, но дека постапката сигурно ќе трае неколку месеци и нема да се случи пред крајот на претседателските избори во САД во ноември.