Бајден кажа дека Вашингтон ќе им одговори на Хутите ако продолжат со однесувањето кое го нарече „невидено“.
„Мислам дека се“, им кажа Бајден на новинарите синоќа кога го прашаа дали е спремен Хутите да ги нарече терористичка група. „Ќе се погрижиме да им одговориме на Хутите ако го продолжат ова невидено однесување заедно со нашите сојузници“, додаде тој.
Белата куќа претходно вчера соопшти дека Соединетите Американски Држави не сакаат војна со Јемен, но дека нема да се колебаат да преземат понатамошни чекори.
„Не е важно дали се означени како терористи. Составивме група нации кои порачуваат дека, ако продолжат да дејствуваат и да се однесуваат како што прават, ќе одговорат“, им кажа Бајден на новинарите.
Кажа и дека е загрижен поради влијанието на војната на Блискиот Исток врз цените на нафтата.