вторник, 3 декември 2024

Бајден денеска ѝ се обраќа на нацијата, првпат по поразот на Камала Харис

Претседателот на Соединетите Американски Држави во заминување, Џо Бајден, денеска ќе ѝ се обрати на нацијата од Белата куќа, за првпат откако неговата потпретседателка Камала Харис ги загуби изборите од републиканскиот ривал Доналд Трамп, пренесува Еј-би-си њуз.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Харис во средата вечерта во јавното обраќање рече дека го признава поразот на изборите, но дека никогаш нема да се откаже од борбата за подобра иднина на Америка.

Таа, исто така, најави дека ќе ја олесни мирната транзиција на власта и му се заблагодари на претседателот Џо Бајден.

Републиканецот Трамп ја победи демократската кандидатка Камала Харис, освојувајќи ги потребните 270 електорски гласови.

Според најновите проекции на АП, Трамп освоил 295 електорски гласа, а Камала Харис 226 електорски гласа.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ