„Бајден и потпретседателката на САД Камала Харис го следат нападот од собата за ситуации и редовно добиваат известувања“, кажа портпаролот на Белата куќа Шон Савет на социјалната мрежа Икс.
Иранскиот напад на Израел е легален, рационален и легитимен одговор на терористичките напади, објави денес иранската мисија во Обединетите нации во Њујорк, пренесоа агенциите.
„Доколку ционистичкиот режим се осмели да одговори или да изврши понатамошни злонамерни акти, ќе следи последователен и тежок одговор. На регионалните држави и поддржувачи на ционистите им се советува да се разделат од тој режим“, порача иранската мисија на Икс.