„По барање на група пратеници од опозицијата и од мнозинството, а по нивна меѓусебна координација, претседателот на Собранието, за денеска во 13:30 часот закажа итна седница за Предлог на закон за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патна делница Миладиновци – Штип и патна делница Кичево – Охрид, по скратена постапка, предложен од Владата“, информираа кусо од прес службата на Собранието.
Владата на 26 март усвои Информација на продолжување на рокот за изградба на автопатот Кичево-Охрид. Новиот анекс на Договорот со кинескиот конзорциум Синохидро се однесува на продолжување на рокот за изградба кој сега се предлага да биде до крајот на 2026 година, а од Министерството за транспорт и врски информираа дека нема да бидат платени повеќе пари од последните пресметани 598 милиони евра.