Состојки:
1/3 чаша (70 г) квалитетно екстрадевствено маслиново масло
прстофат црвен пипер
4 мелени чешниња лук
1 среден сечкан кромид (по желба)
1 лажичка свежо сечкано оригано или 1/2 лажичка сушено
1 лажица сечкан свеж босилек, или 1/2 лажица сушен
1 лажичка свежо сечкано нане
1 лажичка шеќер
1 лажичка сол
свежо мелен црн пипер
1,5 кг цели домати од конзерва или 2 кг свежи домати
1/4 чаша (20 г) рендан пармезан
2 лажици несолен путер
Начин на приготвување:
Пред да почнете, истурете ги доматите во сад и изгмечете ги со рака. Не ги раскинувајте на премногу мали парчиња, подобро средно големи парчиња.
Во големо тенџере истурете маслиново масло и ставете ги црвениот пипер, лукот, кромидот, поголем дел од ориганото, босилекот и нането (зачувајте по малку за крај), шеќер, сол и црн пипер. Вклучете ја ринглата на средна температура и оставете смесата полека да се загрее. Кога кромидот и лукот ќе почнат да чрчорат, намалете ја температурата, промешајте, делумно поклопете го тенџерето и динстајте 90 минути.
По 90 минути тргнете го од оган и додадете ги остатокот билки и пармезанот. Додајте го путерот, повторно промешајте и послужете.