четврток, 10 октомври 2024

Австралија ги забранува социјалните мрежи за децата

Австралија планира до крајот на годината да воведе нови закони кои ќе ги спречат децата да ги користат социјалните мрежи поради ризиците што ги претставуваат за нивното физичко и ментално здравје, изјави утринава премиерот Антони Албанис.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Премиерот Албанис најави дека неговата влада од левиот центар ќе воведе пробен период во текот на следните неколку месеци што ќе бара од корисниците на социјалните мрежи да ја потврдат својата возраст.

„Сакам децата и младите да се оддалечат од своите уреди. Сакам да ги гледам на фудбалски терен, базен или тениско игралиште. Сакам да имаат вистински искуства со вистински луѓе бидејќи знаеме колкава штета можат да направат социјалните мрежи“, изјави Албанис на националната телевизија.

Премиерот не беше баш прецизен за старосната граница под која нема да се дозволи користење на социјалните мрежи, но рече дека тоа ќе биде меѓу 14 и 16 години. Дополнително, тој нагласи дека е загрижен за ефектите што сајбер насилството го има врз менталното здравје на децата, како и за лесната достапност на содржините на социјалните мрежи кои ги смета за штетни.

Досега, неколку земји се обидоа да го ограничат пристапот на малолетниците до социјалните мрежи, но правните предизвици и технологијата, како што се приватните мрежи кои ја прикриваат локацијата, се покажаа како најголеми пречки во овој потфат.

„Ова е глобален проблем со кој се соочуваат владите ширум светот. Знаеме дека не е едноставно или лесно, инаку владите веќе би реагирале и би направиле нешто околу тоа“, рече Албанис.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ