Овогодинешното финале во Лига Европа се игра на Сан Мамес, целта на Атлетик Билбао е да стигне до тој меч и на својот стадион да се бори за трофејот, засега одлично им оди.
Херој беше Ињаки Вилијамс кој ги постигна двата гола, а трагичар за Фенер беше Акајдин, кој играше лошо во одбраната и беше виновник за водството на гостите. Поради тоа беше и заменет на полувремето.
Ињаки Вилијамс уште во петтата минута даде гол за водство од 1-0, а во 45. минута ги постави конечните 2-0.
Сите дилеми околу победникот беа решени во 69. минута кога Мулдур доби втор жолт картон и Фенербахче остана со фудбалер помалку.
Со десет фудбалери беше невозможно да се брка негатива од два гола против тим каков што е Атлетик Билбао.