Втор со време 41:45 беше Игор Неделковски од АК Борец од Велес, а трет Славчо Бакулески од Охрид со време 46:30. Кај жените прва е Фросина Михајловска од Куманово со време 49:13, втора е Каролина Милчинска од Скопје со време 49:32, а трета е Ангела Величкова од Кочани со време 52:01. Беа доделени и награди во категорија над 50 и над 55 години во женска и машка категорија, како и во категорија на семејства учесници на трката.
Како што информира Сунчица Арсовска од Деконус, главниот иницијатор и организатор на трката, во Треил трката за љубов и вино препознале можност за пошироко запознавање на јавноста со вредностите што ги нуди дисанскиот крај.
„Трката е и можност за приближување на учесниците кон природата и запознавање со убавините на овој крај полн со лозови насади и бројни семејни винарии, кои беа вклучени како спонзори во трката, како и производители на мед и фурни и пицерии. Воедно со оваа трка, која е прва во земјава во календарот за оваа 2024 година, беше одбележан и празникот на лозарите и винарите Свети Трифун кој е заштитник на овој регион“, појасни Арсовска.
Таа заклучи дека има се поголем интерес за оваа трка на која лани имало само 70-тина, а годинава повеќе од двојно или дури 170-тина учесници. Воедно Арсовска истакна дека нивна цел како организатори и вљубеници во трчањето во природа е да поттикнат во трката да учествуваат и цели семејства, а посебно семејства со деца. Со тоа, како што кажа, ќе придонесат кај нив од најмали нозе да ја развиваат љубовта кон трчањето, спортот и природат, а семејствата да се дружат во природа.
Годинава имаше и учесници со домашни миленичиња кучиња, кои исто така задно ја истрчаа напорната трка низ природа долга 8 километри, а во организацијата се вклучи и планинарското друштво Фри Хајкерс.
По трката и прогласувањето на победниците во центарот на Долни Дисан се одржа и забава со музика во која се вклучија организаторите, учесниците, бројните гости заедно со жителите на селото.