среда, 9 октомври 2024

Астронаутите кои заглавија во вселената одржаа прес-конференција: „Не се чувствуваме изневерено“ (ВИДЕО)

Двајцата астронаути на НАСА, Буч Вилмор и Суни Вилијамс, кои ќе останат во вселената до 2025 година, рекоа дека им било тешко да го гледаат нивното нефункционално летало како ја напушта Меѓународната вселенска станица без нив, но тие се обучени да „го очекуваат неочекуваното“.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

Вилијамс (58) и Вилмор (61) во јуни заминаа на осумдневна мисија за тестирање на капсулата Боинг Старлајнер. Инженерите забележале проблеми со погонот и истекување на хелиум, а НАСА одлучи тие да останат на Меѓународната вселенска станица до февруари следната година. Осумдневен тест се претвори во осуммесечна мисија.

„Ова е мое среќно место“, рече Вилијамс за време на конференцијата, но призна дека ѝ недостигаат семејството и двете кучиња.

Тие рекоа дека не им било „удобно“ поради проблемите на Старлајнер, но им било тешко да го гледаат како ја напушта станицата и се враќа на земјата без нив. Но, Вилмор рече дека 90 отсто од нивната обука е „подготовка за неочекуваното“.

Тие им се заблагодарија на луѓето на Земјата што им испратија пораки и молитви. „Загриженоста за нас е многу трогателна“, рече Вилмор.

На прашањето дали се чувствуваат изневерени од НАСА, Вилмор одговори „апсолутно не“.

Тие на прес-конференцијата зборуваа за своите рутини. Вилмор станува во 4:30, а Вилијамс два часа подоцна. Рекоа дека уживаат во секојдневно вежбање кое е од суштинско значење за борба против губењето на коскената густина поради животот во вселената.

„Зглобовите не болат, што е прилично убаво“, додаде Вилмор. Најавија и дека ќе гласаат на претстојните претседателски избори.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ