„Огромно е задоволството да се видат насмевките на децата кои беа дел од овој преубав настан. Нашата компанија обезбеди 120 новогодишни подароци за децата од згрижувачките семејства и благодарни сме за можност да бидеме дел од овој хуманитарен настан. Посакуваме сите деца да ги минат празниците со многу подароци, насмевки и сите ние да бидеме во добро здравје“, вели Бојан Коцевски, управител на „Астра казино“.
Претходно „Астра казино“ донираше новогодишни пакетчиња и за 50 деца од социјално ранливите семејства во Скопје, Тетово и Куманово во соработка со Здружението на граѓаните „Линк“. Компанијата и во 2025 година ќе продолжи со поддршка на хуманитарни активности во рамки на својата програма за корпоративно општествено одговорност.