„Спарси“ по поразот од Кристал Палас во минатото коло, врзаа две важни победи пред своите навивачи.
Прво славеа против Манчестер Сити во Лига купот, а попладнево триумфираа и над Астон Вила во Премиерлигата.
Гостите поведоа со голот на Роџерс во 32. минута, но Тотнем со фантастично второ полувреме ги однесе трите бода.
Џонсон изедначи на 1-1 во 49. минута, за Соланке да зголеми на 2-1 во 75. минута. Истиот играч реализираше за 3-1 веќе во 79. минута и тука беше јасно кој ќе слави.
Во завршницата, Медисон прекрасно погоди од слободен удар за конечни 4-1 и стави точка на натпреварот.