вторник, 15 октомври 2024

Арсовска го обвинува ВМРО-ДПМНЕ за прекинот на работата на приватните превозници

Градот Скопје, граѓаните на градот Скопје, па и приватните превозници со години се заложници на политичкиот дилетантизам на ВМРО ДПМНЕ, обвинија денеска од Град Скопје откако приватните превозници од вчера повторно го редуцираа превозот низ градот без почитување на утврдениот возен ред.

Објавено на

часот

Сподели

„За вчерашната седница на Советот на Град Скопје приватните превозници до претседателот на Советот Трајко Славевски испратиле барање за зголемување на цената на услугите. Ова барање Славевски одбил да го стави на разгледување пред советниците, што е причина за револтот кај приватните превозници денеска. Скопје е заложник на политичка група, која секојдневно е водена од намерата да предизвика што поголеми проблеми за скопјани, бидејќи секој успех на Градот тие го сметаат за свој неуспех“, велат од Град Скопје.

Од приватните превозници никој до сега не се огласи официјално да ја потврди информацијата дека од вчера повторно го редуцираа превозот низ градот без почитување на утврдениот возен ред.

Проблемот со јавниот превоз во Скопје се провлекува неколку години. Покрај хаотичното функционирање на ЈСП дополинителен проблем е и незадоволството на приватните превозници. Тие со месеци наназад периодочно ја прекинуваат работата, некогаш и без најава. Најпрво тоа беше поради тоа што Град Скопје и ЈСП со месеци не им исплаќале за услугата што ја вршат, а сега поради барањето за зголемување на цената за изминат километар.

 

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ