Во реакцијата се додава и дека министерот за локална самоуправа, Златко Перински не треба да се крие зад Стојановски по вчерашниот дебакл, а апелираат до Мицкоски уште еднаш да ги преиспита погрешните политики кои му ги нудат неговите соработници.
Градот Скопје, велат останува отворен за искрено партнерство со Владата во корист на граѓаните на градот Скопје.