Во последниот натпревар од 11. коло во Премиерлигата, Челси и Арсенал одиграа 1-1, резултат кој најмногу одговара на останатите ривали за висок пласман.
„Топчиите“ поведоа по еден час игра кога лошо беше поставена последната линија на домаќините, па Мартинели остана осамен на подалечната статива и од мртов агол го матираше Санчез за 0-1.
Десет минути подоцна пристигна одговорот на „сините“, на Нето му беше оставен доста простор а Португалецот прецизно биеше од 20 метри за 1-1.
Арсенал сепак можеше да ги однесе трите бода и да го шокира Челси во 96. минута, но Тросар се обиде да бие во ситуација кога требаше да ја остави топката, зад него осамен беше Хаверц и во многу подобра позиција.