сабота, 14 декември 2024

Арапските лидери ќе се состанат на разговори за иднината на Сирија, Сиријците не се поканети

Министрите за надворешни работи на арапските земји денеска во Јордан се среќаваат со меѓународни претставници за да разговараат за иднината на Сирија – без присуство на Сиријци.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Јорданското Министерство за надворешни работи соопшти дека целта на средбата е да се истражат начини за поддршка на земјата за време на транзициската фаза по падот на долгогодишниот лидер Башар ал Асад.

Целта на разговорите е да се гарантира инклузивен политички процес предводен од Сирија, кој ги вклучува сите групи во расцепената земја.

Според јордански извори, на состанокот ќе присуствуваат министрите за надворешни работи на Јордан, Саудиска Арабија, Ирак, Либан, Египет, Обединетите Арапски Емирати, Бахреин и Катар. Арапските претставници треба да се сретнат со министрите за надворешни работи на Турција и САД, Хакан Фидан и Антони Блинкен во градот Акаба.

Учествува и претставникот на ЕУ за надворешни работи, Каја Калас, како и специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Геир Педерсен.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ