„Антимакедонската влада на ДУИ, со ВД премиерот Таче, потпишала противуставен договор со американскиот конзорциум ‘Бехтел и Енка’, дека ако не му обезбедат 60 часовно работно време за работниците на автопатите, ќе треба да му плати 53 милиони ЕУР на име ‘пенали’ (оштета)!
Договорот со ‘Бехтел и Енка’ не е објавен за јавноста.
Владеачкото мнозинство сега е под притисок преку законски измени да овозможи 60-часовно работно време за „Бехтел и Енка“, откако еднаш Уставниот суд тоа им го блокираше.