„Со огнено оружје среде урбана средина во Прилеп, завчера се застрелани и убиени 6 кучиња. кои се нашле на патот на монструм кој плански им пресудил, шетал вооружан за да убива. Пристигнати ни се податоци од граѓанин кој на овој начин го загуби својот миленик. Ова на сликата е Шарче, ѕверски убиен! Читајте што има да каже сопственикот! Со крв е обележана траекторијата на прилепските улици, населба Варош,улиците Гога Јанкулоски, Гога Димитриоски и Благоја Шукуровски. И како ништо вонстандардно да не се случило, Комуналец Прилеп уредно си поминале и ги собрале застреланите тела на животните, кои живи, кои на издишување и ги фрлиле во градската депонија кај село Алинци. Ниту крим полиција, ниту било каква пријава било каде. Доказите се таму некаде на депонија, дело нема.
Анима мунди: Има ли полиција? Во Прилеп монструм застрела шест кучиња, a Комуналец ги фрли во депонија!
Здружението за заштита на животни Анима мунди алармира дека среде Прилеп се застрелани шест кучиња и го поставува прашањето: Има ли полиција, инпектори, служби, или сведочиме на тотален колапс, на распад на системот во Македонија? Како ништо да не се случило, комуналците ги собрале труповите, некои и на издишување, и ги фрлиле во градската депонија, велат од Анима мунди.

Објавено на
часот