Пелистер доживеа нов пораз во Лигата на шампионите, но Ангеловски не е разочаран.
„Имавме можност да се увериме во квалитетот на секој ракометар на ПСЖ. Кога веќе губиме, сакав поразот да биде што е можно помал, можеби можеше негативата уште пониска. Натпреварот го загубивме во првото полувреме во кое Грин имаше десет одбрани. Потоа на сцена стапи и Паличка кој само продолжи и со такви голмани на противниците, тешко е некој да се надева на добар резултат“, вели Ангеловски.
„Сигурен сум дека одигравме подобро, отколку против Вардар, но квалитетот на ПСЖ е далеку поголем. Она што можам да го поздравам во нашиот тим е што имаме долга клупа и што кој и да излезе на теренот, максимално е фокусиран“.