петок, 11 октомври 2024

Ангеловски: Горд сум на моите ракометари

Пелистер му пружи неочекувано силен отпор на ПСЖ, па и покрај поразот во Париз кај битолчани има задоволство од прикажаното.

Објавено на

часот

Сподели

Пелистер загуби само со два разлика од ПСЖ во Париз на стартот од ракометната Лига на шампиони, беше 31-29.

Тренерот Бранко Ангеловски вели дека е горд на неговите играчи за она што го прикажаа против големиот фаворит.

„Пред натпреварот си ветивме борба до последната секунда. Кога ПСЖ водеше со седум и со осум гола, ние покажавме карактер и квалитет. Горд сум на изданието на моите играчи во Париз“, рече тренерот на битолскиот тим.

Следниот натпревар на Пелистер во Лигата на шампионите е дуелот против Фуксе Берлин на 18 септември во Битола.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ