петок, 24 јануари 2025

Ангеловски: 30 години се занимаваме со бизнис, не се случило да се земе толку евтин кредит како тој од унгарските пари на Владата

Tолку евтин кредит под вакви услови не се случил 30 години, изјави претседателот на Сојузот на стопански комори, Трајан Ангеловски на гостување на МРТВ во врска со одлуката на Владата за понудените 250 милиони евра од унгарскиот заем за бизнисот.

Објавено на

часот

Сподели

„Јас сум втора генерација во бизнис секторот кај мене во семејството. Татко ми ја основа компанијата и ние во триесет и нешто години корпоративно ниту еднаш немаме користено кредит за нашата фирма со рочност од 15 години. 1,95 – досега не ни се има случено да платиме толку ниска камата. Дефинитивно кредитот според овие параметри е повеќе од поволен“, истакна Ангеловски.

Исто така, тој сподели и лично искуство од неговата компанија која имала готов проект кој стоел во фиока, но ваквиот поволен кредит ги охрабрува да продолжат со плановите и да инвестираат.

„Сега ќе кажам ситуација во нашата компанија. Ние имаме подготвена градежна дозвола, спремен проект. Две или три години поради нашата субјективна процена дека можеби не е вистинско време да се инвестира, проектот стоеше во фиока. Овој кредит нѐ охрабрува да влеземе во неколкумилионска инвестиција која со себе носи вработувања, нови машини, нова опрема, нови извозни аранжмани… Секоја секоја поддршка на стопанството ние апсолутно ја поддржуваме и сметаме дека секој денар што ќе биде вложен во македонското стопанство ќе се врати повеќекратно“, потенцираше Ангеловски.

Претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија Менди Ќура исто така го поздрави ваквиот потег на Владата додавајќи дека само најавата дека ќе има 250 милиони евра за бизнисот и 250 милиони евра за општините го регулира банкарскиот пазар на каматите кои после ковид кризата беа високи.

„Само најавата дека ќе има 250 милиони евра за бизнис заедницата и 250 милиони за општините го стабилизира банкарскиот пазар во делот на каматите, затоа што по ковид кризата имавме високи стапки на каматните стапки од 5,6,7% и беа огромна тежина за бизнисот. Ова е за поздравување“, потенцираше Ќура.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ