Трајковски скокна далечина од од 7.79 метри, што е најдобар резултат на Македонец во сала.
Тој до последната серија беше на првото место со скок од 7.75 метри, но Лука Чукрковиќ од Хрватска во 6-та серија прескокна 7.81 метри. Андреас во 6-та серија прескокна 7.79 метар, но недоволно за златото. Бронзениот медал го освои Божидар Сарабуков од Бугарија со 7.74 метри.
Следен настап Андреас ќе има на 13-ти февруари во Белград на меѓународен атлетски митинг во сала.