среда, 11 декември 2024

Анчелоти прави важна промена пред дуелот на Енфилд: Ако продолжиме вака, Ливерпул ќе не прегази!

Медиумите од Шпанија пренесуваат дека Карло Анчелоти решил да го подигне интензитетот на тренинзите, стратегот смета дека Реал Мадрид мора да се поправи по овој аспект или ќе го снајде неволја против Ливерпул.

Објавено на

часот

Сподели

„Кралевите“ не ја почнаа сезоната онака како што посакуваа, заостануваат шест бода зад Барселона во Ла Лига, а во Лигата на шампиони се наоѓаат дури на 18. место.

Па Карло Анчелоти решил ноемвриската пауза за репрезентативен настап да ја искористи за да сврти нов лист и да направи важна промена.

Како што пренесува Релево, Италијанецот ќе го зголеми интензитетот на тренинзите, па во следниот период поголемо внимание ќе биде посветена на кондицијата.

Стратегот сметал дека треба да ги „олабави“ малку фудбалерите по пеколните подготовки кои им ги подготви Пинтус (кондициониот тренер) изминатово лето, но одморот завршил и во иднина ќе се работи далеку понапорно.

Наводно пораката на Карло Анчелоти до соблекувалната била, „Или ќе го подигнеме нивото на игра, или Ливерпул ќе не прегази“ (средбата на Енфилд во Лигата на шампиони се игра на крајот од ноември).

Се говори дека и самите играчи ја поздравиле оваа одлука на тренерот, и тие сметаат дека тренинзите треба да бидат со поголем интензитет.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ