Баербок го напушти засолништето по петнаесетина минути, објави новинарката која известуваше за посетата на германската министерка на Украина.
It was a pleasure to welcome my German counterpart @ABaerbock to Odesa today, which marks two years since Russia’s full-scale invasion of Ukraine.
In the last two years, Germany has emerged as Ukraine’s second-largest military aid provider and a staunch supporter of Ukraine’s EU… pic.twitter.com/uZDBii3xsx
— Dmytro Kuleba (@DmytroKuleba) February 24, 2024
За време на посетата, Баербок и вети на Украина натамошна поддршка, вклучително и испорака на оружје, но призна дека има потешкотии во набавката на оружје.
„Се разбира, сè што ќе испорачаме не е доволно“, рече таа, додавајќи дека „потребно е многу повеќе муниција, многу повеќе воздушна одбрана, многу повеќе артилерија“.
Баербок изјави дека Германија сè уште размислува дали да ѝ испорача оружје со долг дострел на Украина.