Директорот на Државниот инспекторат за земјоделство (ДИЗ) Васе Анакиев денеска заедно со министерот за земјоделство Цветан Трипуновски оствари работна средба со преработувачите на пиперка. На средбата, како што информираат од ДИЗ се дискутирало за текот на откупот на пиперката, при што било потврдено дека откупните цени мора да се почитуваат согласно првичниот договор на стартот на откупната сезона.
„Напорно работиме за да бидат задоволни македонските земјоделци. Македонија заслужува подобро и поквалитетно земјоделство“, велат во заедничка изјава до медиумите Трипуновски и Анакиев, а пренесува Државниот инспелторат за земјоделство.