среда, 22 јануари 2025

Аморим ја правда одлуката повторно да го изостави Рашфорд: Тоа го направив за доброто на тимот

Рубен Аморим вели дека не погрешил кога решил да го изостави Маркус Рашфорд од составот за пресметката против Тотнем во Лига купот и порачува дека напаѓачот може да се врати во тимот на Манчестер јунајтед.

Објавено на

часот

Сподели

Рубен Аморим одлучи на втор натпревар по ред да го изостави Маркус Рашфорд од составот на Манчестер јунајтед, напаѓачот не доби повик за пресметката против Тотнем во Лига купот, натпревар кој „ѓаволите“ го загубија со 4-3.

Со оглед на тоа дека Англичанецот пред неколку дена изјави дека е подготвен за нов предизвик, имаше сугестии дека Маркус Рашфорд е во конфликт со Рубен Аморим, нешто што тренерот го негираше.

„Не направив грешка со одлуката да го изоставам Рашфорд, сметам дека ова беше за доброто на тимот. Морам да направам селекција, и сметам дека не направив грешка бидејќи секогаш на ум го имам тоа што е најдобро за тимот“ – ја правдаше својата одлука Португалецот.

Запрашан дали Маркус Рашфорд има иднина во Манчестер јунајтед, тој вели: „Секако дека има, тој е играч на Манчестер јунајтед“.

„Утре имаме тренинг, Маркус Рашфорд ќе биде таму, ќе се подготвува за следниот натпревар и ќе видите каква селекција ќе направам“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ