Тој на новинарите, како што пренесува Клан Косова, кажа дека барањата кои неговата влада ги има во врска со северот на земјата, не се притисок, туку се едноставно барања за доброто на земјата.
Додаде дека, како американски амбасадор на Косово, му е многу пријатно што од Косово се бара да го направи она што го бара народот на Косово.
Тој кажа дека неговата влада, како и ЕУ, бара од Косово да напредува во преговорите за формирање на Заедницата на општини со српско мнозинство и додаде дека гарантира дека ЗСО нема да биде опасност за функционирањето на државата Косово.
„Бевме јасни во тоа како ја гледаме Заедницата. Дека тоа не е во спротивност со уставот на Косово, не е спротивно на одлуката на уставниот суд и дека не е дополнително ниво на управување“, кажа Ховенијер.
Додаде дека во барањата за формирање на ЗСО биле многу јасни, дека мисли дека тоа е добра политика и дека е легитимно да се очекува да се напредува во тоа.
Подвлече дека САД имаат долгорочна и решителна посветеност на народот на Косово.
Според него, американската амбасада во Приштина има три главни стратегиски цели за Косово.
Првата, како што кажа, е поддршката Косово да го заземе своето место во европските и евроатлантските структури, втората и третата се однесуваат на поддршката во стопанството и владата на Косово да биде поефикасна за граѓаните.