Одлуката би можела да го промени начинот на работење на технолошките џинови во иднина.
Министерството за правосудство на Соединетите Американски Држави го тужеше Гугл поради неговата контрола над околу 90 отсто од пазарот на онлајн пребарувањата.
Во одлуката окружниот судија Амит Мехта забележа дека Гугл платил милијарди за да обезбеди да биде основен пребарувач на паметните телефони и браузерите.
„Гугл е монополист и дејствувал како монополист за да го задржи својот монопол“, напиша судијата Мехта во своето мислење.