среда, 16 октомври 2024

Американски разурнувач во водите на Јужно Кинеско Море, кое Пекинг го смета за свое

Објавено на

часот

Сподели

„Оваа операција на слободна пловидба ги почитува правата, слободите и легалното користење на морето“, соопшти американската морнарица, наведувајќи дека бродот поминал во близина на островите Спратли, на кои Кина има воени бази.

Спратли се спорни острови на кои освен Кина права полагаат и Виетнам, Тајван, Филипини и Малезија.

Кина го осуди денес, како што го нарече, упадот на американскиот разурнувач во делот од Јужно Кинеско Море на кој таа полага право. Пекинг спорните острови ги нарекува Нанша.

„Разурнувачот УСС Милиус спроведе нелегален упад во водите покрај гребенот Меиџи на кинеските острови Нанша, без одобрување на кинеската војска“, кажа денес портпаролот на јужната команда на кинеската војска, додавајќи дека кинеските воздухопловни сили го следеле и надгледувале бродот.

Кина од саботата спроведува тридневни воени вежби околу Тајван како предупредување на властите на одметнатиот остров по средбата на претседателката на Тајван Цаи Инг Вен и претседателот на долниот дом на американскиот Конгрес Кевин Мекарти. Вежбите наречени „Обединет меч“ би требало денес да завршат.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ