Војската на Соединетите Американски Држави во моментов има единаесет носачи на авиони, а каква било штета поради кој еден од нив би морал да се повлече би ги ограничила капацитетите на морнарицата. Американската морнарица соопшти дека носачот УСС Хари Труман се судрил со бродот Бешикташ-М доцна синоќа, додека дејствувал во близина на пристаништето Саид во Египет.
„Судирот не го загрози Хари Труман бидејќи нема извештаи за поплави или повреди. Погонските системи не страдаа и се во безбедни и стабилни услови“, сооопшти американската морнарица.
Иако судирите на бродови на американската морнарица се ретки, два воени брода во азиско-пацифичкиот регион беа вклучени во судири во 2017, при што загинаа 17 луѓе. Тоа доведе до конгресни сослушувања и смени на неколку офицери.
Со 333 метри, носачот на авиони Труман е долго речиси колку што е висока Емпајер стејт билдинг, поради што бродот личи на град на вода и има 5.000 членови на екипажот. Неговата палуба собира 90 авиони.