„Американските сили гаѓаа неколку подземни објекти во кои се сместени неколку видови оружје што го користат Хутите за гаѓање на цивилни и воени бродови низ регионот“, рече Остин.
Ова е прва позната употреба на бомбардерите Б-2 од страна на американските сили од почетокот на нивните напади на Хутите, група поддржана од Иран.
„Употребата на невидливите бомбардери со долг дострел Б-2 Спирит ја демонстрира американската способност да напаѓа во секое време и каде било“, додаде Остин.
Хутите, кои контролираат големи делови од Јемен, со месеци вршат напади врз Израел и врз бродовите наводно поврзани со нив, тврдејќи дека дејствуваат во знак на солидарност со палестинското исламистичко движење Хамас.
Како одговор, САД и Обединетото Кралство редовно извршуваат напади против Хутите, но во оваа фаза не успеаја да ги уништат оперативните капацитети на движењето.