недела, 13 октомври 2024

Американската активистка убиена со директен израелски куршум, половина час откако завршил протестот

Тројца форензички експерти што го виделе досието за убиената турско-американска активистка велат дека се чини дека куршумот не рикошетирал од земјата, како што рече Израел.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Ајсенур Езги Ејги, 26-годишна турско-американска државјанка, беше убиена минатиот петок за време на протестот во Беита, село во близина на Наблус, каде што Палестинците се под постојан напад од екстремно десничарски еврејски доселеници. Израел тврди дека нејзиното убиство било случајно. Командантите на израелските одбранбени сили спроведоа истрага за инцидентот, соопшти во вторникот израелската војска.

„Истрагата покажа дека е голема веројатноста дека таа била погодена индиректно и ненамерно од оган на ИДФ, кој не бил насочен кон неа, туку кон клучниот поттикнувач на немирите“, соопшти армијата. „Инцидентот се случи за време на насилни немири во кои десетици осомничени Палестинци палеа гуми и фрлаа камења врз безбедносните сили во Беита“, додаде армијата, изразувајќи „длабоко жалење“ за смртта на 26-годишната активистка.

Но Вашингтон пост објави дека протестите завршиле пред израелските сили да отворат оган, што покажува дека немало непосредна закана за војниците и нема оправдување за гаѓањето на Ејги или на други демонстранти со боева муниција.

Според истрагата, Ејги била „застрелана повеќе од половина час по екот на судирите во Беита и околу 20 минути откако демонстрантите се поместиле по главниот пат – повеќе од 183 метри подалеку од израелските сили“.

Потенцијалната цел, палестинскиот тинејџер што беше ранет од израелски оган, стоел на околу 18 метри од Ејги, рекле очевидци за Пост.

Истрагата била заснована на сведоштва од 13 сведоци и на повеќе од 50 видеа и фотографии што ги дало Меѓународното движење за солидарност, како и Фаз3а, друга палестинска застапничка група.

И извештајот од обдукцијата подготвен од Палестинската управа вели дека Ајсенур Езги Ејги била директно застрелана во главата од израелски војници на окупираниот Западен Брег, според тројца форензички експерти што го виделе досието.

Извештајот, датиран на 6 септември и подготвен од палестинскиот медицински комитет предводен од д-р Рајан ал-Али, е во спротивност со верзијата на Израел и на американскиот претседател Џо Бајден, кој рече дека куршумот што ја убил Ејги се чини дека „рикошетирал од земјата“.

Тројцата форензичари што го виделе извештајот од обдукцијата рекле дека оштетувањето на черепот на Езги и внатрешното уништување укажуваат дека станува збор за директен погодок.

„Куршумот оставил голема штета внатре во черепот и се чини дека ја потрошил сета своја кинетичка енергија во погодената област, што одговара на пукање со пиштол што директно удира во главата“, рекол Полат Ерди, експерт за судска медицина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ