Синоќа Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз имаа епска пресметка која Србинот ја доби со 2-1 (5-7, 7-6, 7-6).
Новинарката Рене Стабс излезе со видео во кое тврди дека при сервисот на Ѓоковиќ за последниот поен, топчето ја удрило мрежата.
„Неверојатен натпревар! Неверојатно, но сигурен сум дека беше ‘нец’ на меч-топката. Слушајте и гледајте ја реакцијата на Алкараз. Ништо не му одземам на Новак, но ова е глупаво ако е вистина“, напиша Рене.
Рене која е позната по тоа што и претходно имала негативни коментари за Ѓоковиќ, наиде на лавина од негативни реакции за нејзината објава затоа што сите знаат дека ако топчето ја удри мрежата реагира технологијата и сигнализира дека било нец.
Unbelievable match! Unbelievable but I’m fairly certain there was a let on MP! Take a listen and watch Carlos reaction. Not taking it away from Novak, what an effort but man sucks if it’s true. pic.twitter.com/BRMKLXevFM
— Rennae Stubbs ??? (@rennaestubbs) August 21, 2023