Според пријавеното, околу 12.00 часот на Меѓуградската автобуска станица таа влегла во такси возило, во кое имало уште едно лице кое зборувало англиски јазик, а кога пристигнале на подрачјето на Карпош, ѝ кажале дека треба да плати 13 евра, соопшти МВР.
Како што е пријавено, таа со помош на таксистот од банкомат подигнала 10.000 денари, а другото лице ѝ ги побарало сите пари, со објаснување дека тоа е сумата при конверзија од една валута во друга.