Ова го покажуваат податоците на американската Канцеларија за попис кои ги анализирала руската медиумска група РБК.
Американскиот увоз на ураниум од Русија пораснал во однос на 2022 година кога неговата вредност изнесувала 830 милиони долари, пренесува Комерсант.
Вашингтон од Москва минатата година купил и сиров паладиум за 1,08 милијарди долари, минерални ѓубрива за 1,35 милијарди долари, како и турбомлазни мотори за 91 милион долари.
Вредноста на американскиот извоз во Русија во 2023 година изнесувала 597 милиони долари, а станува збор за стока како фармацевтски производи или медицински инструменти и опрема.
Долниот дом на американскиот Конгрес на крајот на јануари усвои предлог закон кој треба да ја намали зависноста од руските земјоделски производи.