Како што пренесува американската телевизија, авионот е запленет во Доминиканската Република, а двајца неименувани американски функционери кажале дека тој денес бил префрлен на Флорида.
Заплената на авионот претставува ескалација во прилично ладните односи на Венецуела и САД, кои го оспоруваат резултатот на неодамнешните избори во Венецуела на кои Мадуро освои нов мандат.
🇻🇪🇺🇸 BREAKING!! The kleptocracy, known as the United States of America, has seized President Maduro’s plane in the Dominican Republic and flown it to Florida.
Not only world police, but world repo-man as well.
ETA: Juan Guaidó is in Florida…… What if?….. pic.twitter.com/SseZfIqCPm
— DD Geopolitics (@DD_Geopolitics) September 2, 2024
Министерството за правда на САД во март 2020 ги обвини Мадуро и 14 други сегашни и поранешни венецуелски функционери за „нарко-тероризам, трговија со дрога и корупција“, наведува Си-ен-ен.
„Заплена на авион на шеф на странска држава досега не е видена во кривичните прашања. Тука праќаме јасна порака дека никој не е над законот, никој не е надвор од досегот на американските санкции“, кажал неименуван функционер за Си-ен-ен.
Авионот, чија вредност се проценува на околу 13 милиони долари, се наоѓал во Доминиканска Република во последните месеци. Венецуела ги суспендираше комерцијалните летови од и кон Доминиканска Република по неодамнешните избори.
Еден од неименуваните соговорници на Си-ен-ен кажал дека американските власти „тесно соработувале со Доминиканска Република“ при заплената, и дека Санто Доминго го известил Каракас за развојот на настаните.