„Веќе бев кај министерот Тимчо Муцунски за да си кажеме довидување. Ние сега имаме избори. Изборите ќе бидат на 27 октомври и се надеваме дека ќе добиеме влада со која што ќе можеме да влеземе во интензивен дијалог. Се разбира не преговори, затоа што преговори не може да има за нешто кое што е договорено. Тоа што е договорено мора да почне и да се исполнува. Ние географијата нема да ја менуваме и ќе останеме соседи. Ние треба да имаме интензивна комуникацијата, вклучувајќи ја и историската мисија“, изјави Ангелов.
Амбасадорот на Бугарија денеска заедно со министерот за здравство Арбен Таравари и градоначалникот на Ѓорче Петров Александар Стојковски извршија увид во градежните работи на првиот социјален клуб за адолесценти и возрасни со аутистичен спектар.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска најави дека наскоро ќе има промена кадровскиот состав на мешовитата македонско – бугаска комисија за историски прашања. Мицкоски смета дека актуелната комисија не беше заштитник на националните интереси на македонскиот народ.