Во соопштението за медиумите објавено во понеделникот, меѓународната невладина организација ги осуди амандманите на алжирскиот кривичен закон, кои предвидуваат воведување на нови прекршоци и зголемувањето на казните за постоечките. „Алжир ги проширува своите правни алатки за да ја замолчи опозицијата и критичките гласови“, изјави невладината организација Article 19, повикувајќи ја алжирската влада да ги укине амандманите и да ја почитува слободата на изразување која е дел од универзалните човекови права.
„Потсетуваме дека секое ограничување на слободата на изразување мора да ги исполнува принципите на законитост, легитимност, неопходност и пропорционалност“, подвлече невладината организација во своето соопштение. Новите измени сеат страв меѓу новинарите, активистите и обичните граѓани, предизвикувајќи двоумење дали да се споделат или дискутираат информации поврзани со владините активности или политики, дури и ако таквите информации се клучни за јавната дебата и отчетноста.