„Граѓаните“ нанижаа 17 победи на Етихад во сите натпреварувања, Манчестер Сити вечерва со 1-0 ја доби пресметката против Њукасл.
Фил Фоден беше најразигран и креираше шанси за своите соиграчи, кои немаа добра завршница и реализираа само еднаш.
По половина час игра, Хулијан Алварез атрактивно погоди од работ на шеснаесетникот и донесе нови три бода.